Ненад Димитријевиќ („Уникс Казан“)/фото: Ксения Богданова (БК УНИКС)

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ прв стрелец против Зенит во ВТБ лигата

Денеска во рамките од ВТБ лигата кошаркарите на Уникс Казан загубија на гостувањето кај Зенит со 91:87. За Уникс Казан ова е веќе трет пораз по ред во ова натпреварување.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во редовите на Уникс Казан беше прв стрелец со 24 поени (пет скокови, девет асистенции) за 34:20 минути на паркетот.

Во победничките редови најрасположен беше Томас Ертел кој постигна 23 поени.

На табелата води ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ (25-9), пред второпласираниот Уникс Казан (25-10).

Следниот меч Уникс Казан ќе го има на домашен терен на 13 април против ЦСКА Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот