Агон Елези/фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативец Агон Елези ја напушти Горица

Агон Елези веќе не е фудбалер на Горица, денеска тоа официјално го соопшти хрватскиот клуб на социјалните мрежи.

Македонскиот репрезентативец заедно со Мартин Шлогар, Антон Крешиќ и Славко Бралиќ ќе се разделат ова лето со Горица.

Елези во дресот на хрватската екипа запиша вкупно 17 настапи и два голови.

Нашиот 24-годишен играч претходно на клупски план беше дел од Шкупи, Велазерими 77, Скендербеу, Вараждин и Бохум.

За најдобрата македонска репрезентација досега има 10 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот