фото: Национална пливачка федерација

Македонскиот пливач Стојановски постави нов апсолутен рекорд во дисциплината 50 метри грбно

Во последниот настап на македонските пливачи на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Фукуока, Јапонија, Андреј Стојановски (18) постави нов апсолутен рекорд.

Стојановски во дисциплината 50 метри грбно успеа да ја заврши трката со време од 27,35 секунди.

Во својата група „2“ беше второпласиран, подобар од него беше само Хансел Мекаиг од Фиџи (26,97 сек.)

Од 64 натпреварувачи (тројца не стартуваа) нашиот пливач заврши на 50 место во својата конкуренција.

Најдобро време во квалификациите имаше Џастин Рис од САД со време 24,18 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот