
Македонскиот одбојкар Александар Љафтов ја продолжува кариерата во Кувајт
По репрезентативните настапи и успехот со пласманот на Европското првенство 2026, Александар Љафтов има нов предизвик во клупската кариера.
Препорачано
Македонскиот одбојкар во натпреварувачката сезона 2025/2026 ќе настапува за Бурган Спорт Клуб од Кувајт.
На клупски план Љафтов настапуваше за Работнички, Галатасарај, Рибница Краљево, Анагениси Деринеиас, Саут Гас Спортинг, ПТТ Анкара, Младост Рибола Каштела, Хебар Пазарџик, Равена, Ал Ибтисам, Ал-Васл, Струмица, а минатата сезона беше дел од ПАОК.
Лани екипата на Бурган Спорт клуб го освои второто место на табелата во шампионатот. Бурган Спорт Клуб во новата сезона оди со амбиција да атакува на титулата во првенството.
Љафтов ќе ја темпира формата за настапот на ЕП кое ќе се организира од 9 до 27 септември 2026 година во Италија, Финска, Бугарија и Романија. Нашата селекција следниот месец на 4 октомври во италијанскиот град Бари ќе ги дознае ривалите на ЕП.
Aleksandar Ljaftov 🇲🇰 signed in Burgan club (Kuwait 🇰🇼 ) for season 2025/2026. We thanks our cooperation with LZ Sport. pic.twitter.com/hrvNXadJU7
— Harith1 (@HarithTaweel) September 3, 2025
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
29мин
-
55мин
-
59мин
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5