
Македонскиот борач Лука Ананиев во финале на Балканското првенство во Романија
Македонските најмлади репрезентативци настапуваат на Балканското првенство во борење во Клуж-Напока, Романија. Во вторникот почнаа борбите за пионери, нашата земја ја претставуваат вкупно 18 борачи (11 во машка и 7 во женска конкуренција) предводени од тренерите Јасин Реџелари, Зоран Сребренов и Марјан Христов.
Препорачано
На ова Балканско првенство Македонија може да се пофали и со претставник во судискиот дел, нашиот лиценциран судија Гоце Ангелов.
Борачот Лука Ананиев обезбеди пласман во финалето со победи над натпреварувачи од Косово, Молдавија и Турција. Во финалето в среда ќе се сретне со репрезентативец на Турција.
Освен Ананиев, уште пет момчиња и едно девојче ќе настапат во попладневната сесија во борба за бронзен медал:
38кг МЕМЕДИ ХАРУН
44кг АНАНИЕВ ЛУКА
48кг КРИСТИЈАН АТАНАСОВ
52кг МИРАЏ МУСТАФА
68кг ДАРЈАН ПАВЛЕВ
85кг ХРИСТИЈАН ДИМИТРИЕВ
66кг ВИКТОРИЈА ЃУРОВА

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
33мин
-
53мин
-
1час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5