фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Ѓорческа со победа на стартот на турнирот во Букурешт

Победа на стартот од турнирот W75 во Букурешт, Романија, на македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Во исцрпувачки меч што траеше 170 минути Ѓорческа ја совлада домашната тенисерка Георгиа Крачун со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 7:5). Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Македонската тенисерка поведе во мечот откако го доби првиот сет со 6:4 во сетови, откако постојано водеше. Во вториот сет Крачун имаше предност во сетот што го доби со идентични 6:4.

Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 3:0 во гемови, а противничката израмни на 3:3.

Ѓорческа имаше ново водство од 5:3, но Крачун пак изедначи на 5:5, за следните два гема да ги освои македонската тенисерка што значеше и победа и пласман во следната рунда.

Во второто коло нашата тенисерка в четврток ќе игра со победничка од мечот на квалификантките италијанската тенисерка Ноеми Бастилети, која со 2:1 ја победи Лаура Маир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот