фото извор: Ljubomir Spasik

Македонската репрезентација во кајак спуст ќе учествува на Светското првенство во Шпанија

Македонската репрезентација во кајак спуст составена од четири натпреварувачи предводени од искусните кајакари Љубомир Спасиќ и Александар Златаров кои долги години се предводници на кајак-спустот како и големи мотиватори на младите репрезентативци Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, ја очекува нов меѓународен настап.

Сите членови на К.К.К Арка Борец од Велес, во периодот кој претстои од 14 до 18 август ќе се натпреваруваат во индивидуални и тимски натпревари на светското сениорско и мастерс првенство во кајак спуст во градот Саберо, Шпанија.

На оваа патека во 2021 година се одржа европското сениорско првенство каде најзабележителен резултат беше шестото место во тимскиот настап постигнат од страна на Спасиќ, Небиовски и Златаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот