
Македонската пејачка и текстописец Елена Ристеска денеска го прославува својот 39 роденден
Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска пејачка и текстописец. Елена стекна голема популарност откако ја претставуваше Македонија на „Изборот на песна за Евровизија“ во 2006 година со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски.
Препорачано
Уште во своите рани години покажала интерес кон уметноста. Своите први чекори во музиката ги направила во раните школски денови, а подоцна се приклучила кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.
Елена официјалноѝ стана позната на Македонската публика со победата на музичкото-реалити шоу „Плеј потрага по ѕвезди“. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“, дело на Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција), Александар Принц (текст), за која веднаш беше реализиран и видео-спот, стана вистински хит во Македонија.
Како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои исто така стануваат успешни хитови во Македонија и соседните земји. Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува песни за ѕвезди како „4Плеј“, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и други.
Заедно со големиот успех на нејзиниот деби албум, Елена почнува да се промовира и надвор од Македонија. Во 2004 година таа учествува на „Голден Стаг“ фестивалот во Романија, а во 2005 година со нејзиниот хит „Ни на небо, ни на земја“ се претставува на „Сунчане Скале“ во Херцег Нови. Нејзините видеа често време беа вртени по „МТВ Адриа“, а со тоа нејзината популарност сè повеќе се зголемуваше.
На 4 март 2006, Елена Ристеска победува на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“. Со извојуваната победа таа го добива правото да ја претставува Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција, каде успеа да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 мај 2006) кои обезбедуваат пласман на финалната манифестација. Во финалето одржано на 20 мај 2006, Елена доби 56 бода и го освои 12-то место. Дванаесеттото место беше најдобриот пласман за земјата на „Евровизија“ до 2019 година, се додека Тамара Тодевска не го освои седмото место.
Елена реализираше нов сингл насловен како „Есен Во Мене“. Песната е дело на Дарко Димитров. После нејзините безбројни хитови во претходната година, вториот албум на насловен како „192“ беше реализиран во декември 2006. Албумот ги содржи „Нинанајна“, „Есен Во Мене“, македонската верзија на „Не Могу“ насловена како „Не Можам“ и нов материјал.
На 19 декември таа го одржува и нејзиниот прв солистички концерт. Одржан е во „Метрополис Арена“. На концертот како гости се појавија Ламбе Алабаковски, Туна, Паркети како и Босанскиот бенд „Регина“ со коишто Елена има дует.
На 28 декември 2015 година, Елена Ристеска го претставила албумот „Без шминка“, снимен со финансиска помош на „Македонски телеком“. На албумот се наоѓаат постари осум песни, меѓу кои и „А можевме“ (напишана од Тоше Проески) и „Доживотно“, како и пет нови песни, и тоа: „Без шминка“, „Вети“, „На крај на свет“, „Немаш право ти да ми судиш“ и „Како да се радувам“. За промоција на албумот бил снимен видео-спот за песната „Доживотно“.
Се до денес, Елена има направено голем број хитови. По кратката пауза, таа повторно се врати на музичката сцена со настапот на „Макфест“.