Македонската армија нападната од хакери

Хакери / Балкан мапа / Фото Илустрација / Слободен печат / Профимедиа

Во предворјето на парламентарните и претседателските избори, македонската држава повторно стана мета на страшни интернет напади врз институциите. Според информациите објавени на мрежата Телеграм, Македонската армија и македонското Министерство за одбрана станаа мета на хакерски напад.

Според објавените информации станува збор за ДДОс напади. Во својата објава на Телеграм хакерската група која се нарекува себе си GhostSec вели:

– Продолжуваме со нашите напади против Македонија, овојпат одиме во право за нивната војска и Министерство за одбрана! Сите внатрешни и надворешни мрежи на ова Министерство за одбрана се срушени, а веб-страниците на војската (mil.mk) Го хакиравме и ГПС системот што го користеа за следење и испраќање пратки за нивната војска (ресурси, оружје, итн. ) испорака на различни оружја и ресурси во, а понекогаш и надвор од земјата. Продолжува да се покажува негрижата на македонската влада!“ – информираат хакерите.

Напаѓачите тврдат дека во моментов имаат целосна база на податоци (маршрути, возачи, информации за камионите и движење) од нашиот безбедносен систем за следење во живо за нивните воени камиони кои испраќаат различни работи внатре и надвор од земјата.

– Би сакале да го додадеме и серверот за електронска пошта за Министерството за одбрана што е исклучен што ги прави бескорисни за примање комуникации преку е-пошта!

https://check-host.net/check-report/16ef2440kb76 (Mil.mk) е во прекин

https://check-host.net/check-report/16ef2f96k801 (Министерство за одбрана VPN)

PS: Наскоро ќе објавиме огромно протекување податоци за OpWatermelon (OPISRAEL) и уште една објава за OpCuba!

Работиме со вакви работи, бидејќи можеме! 👻
~GhostSec

ФОТО/ Принтскрин – Официјалниот веб-сајт на Армијата е надвор од употреба

Во меѓувреме доцна попладнево „Слободен печат“ се обрати до ресорното министерство и побара одговор на прашањето дали воопшто одбрана и Армијата била мета на хакерски напади денеска и што точно е сторено врз системот за одбрана на земјава. Оттаму, накратко ни соопштија дека Министерството за одбрана е подготвено да ги одврати сите сајбер закани кои се од безбедносен карактер.

– Сите мрежи и системи на Министерството за одбрана и Армијата функционираат без никакви проблеми и не постои никакво неовластено пристапување, ниту отекување на податоци и информации. Овие системи се под постојан мониторинг на високо стручен кадар во Министерството, кој го следи интернет сообраќајот и континуирано презема мерки за обезбедување на нивна сигурност и стабилност – велат од одбрана.

Инаку ова не е прв хакерски напад на македонски институции направен во предизборен период во земјава. За потсетување кражба на чуствителни податоци од владини сајтови за кои потоа се бара откуп, поставување на линкови за продажба на облека на сајтот Влада.мк или копање криптовалути на сајтот на Бирото за јавни набавки, се само дел од последните сајбер напади врз државни сајтови. Ситуацијата е многу сериозна, особено затоа што под удар е целиот регион: Албанија, БиХ, Косово како и Црна Гора и Бугарија кои за нападите ја обвинија Русија. Македонските институции утврдуваат дали сајбер нападите се дел од „хибридна војна“ и засега нема потврда од која земја доаѓаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот