
Македонија во Златната одбојкарска лига: Позитивен вкупен скор со Израел и со Црна Гора, двата последни противника
Црвено-жолтите ги завршуваат настапите во Златната европска лига на ЦЕВ 2025 со мечевите в петок подносно в недела во Струмица
Македонската одбојкарска репрезентација има позитивен вкупен скор со двата последни противника во Златната европска лига 2025, Израел и Црна Гора. Црвено-жолтите мечевите со овие два тима ќе ги играат в петок односно в недела во Струмица.
Препорачано
Во Европската лига Македонија играла со Израел двапати во 2015 година и има две победи со 3-0. Во 2021 година сме играле еднаш во Сребрената европска лига, победувајќи 3-1.
Во два пријателски меча во 2023 година црвено-жолтите еднаш изгубија 0-3 и еднаш победија 3-2 во дуелите со таа селекција.
Со Црна Гора, во квалификациите за СП 2014 Македонија ја победи Црна Гора 3-0, а во Европската лига во 2014 година имаме една победа со 3-1 и еден пораз со 1-3.
Овој двомеч од Европската лига ни остана во лошо сеќавање бидејќи со „златен сет“ се решаваше патникот за финалето, а победник во реваншот во Будва беше Црна Гора, која се пласира во финалната разрешница.
На Европското првенство 2023 година ја совладавме Црна Гора со 3-0, а во двата пријателски дули лани летото изгубивме со 1-3, а потоа победивме со 3-1.
Израел моментно на вкупната табела во ЗЛ 2025 е четврти со четири победи, Македонија е на 10. место со три порази и една победа, а Црна Гора е на 12. последно место со четири порази.
Македонија против Израел во Струмица ќе игра пред празни трибини