Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Македонија со три медали на Европското универзитетско првенство во боречки спортови
Петар Спасеновски се закити со бронза на Европското универзитетско првенство за боречки спортови во карате кое се организира во Загреб, Хрватска.
Препорачано
Македонскиот каратист во категоријата -84 кг. имаше шест борби, во полуфиналето загуби од Никола Маловиќ (Црна Гора) со 1:6, а во борбата за бронзениот медал со 7:1 триумфираше над Хрватот Леон Марциуш.
Претходно имаше четири победи остварени против Бјорн Куловуори (Финска) со 4:3, Рикардо Леите (Португалија) со 2:0, Ааро Туоминен (Финска) со 7:1 и Олександр Иниутин (Украина) со 2:1.
Медали обезбедија уште двајца членови на карате клубот „Макпетрол“, Петар Заборски в недела ќе се бори за златниот медал против Украинецот Костиантин Јаненко во категоријата -75 кг., додека Давид Петков освои бронза по победата против Матеј Хомола од Словачка со 3:2 во категоријата -67 кг.
Се собраа повеќе од 1.500 натпреварувачи од 395 универзитети од 30 европски земји. Во карате се натпреваруваат 132 каратисти од 16 земји.
Во текот на три натпреварувачки дена, ученици од цела Европа се натпреваруваат во карате, џудо, теквондо и кик бокс.
Резултатите од нашите каратисти на Европското универзитетско првенство можете да ги погледнете на следниот ЛИНК
фото извор: EUSA Combat 2023
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
54мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5