Македонските У15 фудбалски надежи остварија убедлив триумф над Ерменија/фото: ФФМ

Македонија ќе биде домаќин на УЕФА развоен турнир за фудбалери до 15 години

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје ќе биде домаќин на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 15 години (генерација 2008). Контролните натпревари ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје.

Покрај нашата млада селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Косово, Малезија и Ерменија. УЕФА развојниот турнир ќе се одржи во периодот од 4 до 10 септември.

Првиот натпревар младите македонски фудбалери ќе го одиграат против Ерменија на 5 септември со почеток од 16.00 часот. На 7 септември во второто коло Македонија од 16.00 часот ќе игра против Малезија, а во истиот термин ќе го игра и мечот против Косово на 10 септември.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15, Раде Каранфилоски, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Антониј Трајковски (ССК Скопје), Павел Грбевски (Вардар);

Одбрана: Ристе Стоилов (Академија Пандев), Матео Кесиќ (Вардар), Цека Назиф (Шкендија), Стефан Стаматоски (Еврофудбал), Албан Рочи (Јанг Тим), Енвер Фејзуловски (Пелистер), Мартин Џангаровски (Македонија);

Среден ред: Давид Ангелевски (Пелистер), Лорент Жаку (Јанг Тим), Александар Грашевски (Њу Старс), Матео Каранфилоски (Работнички), Иво Марковски (Драчево), Душан Бојовиќ Заев (Вардар), Давид Петрушев (Чукарички, Србија), Стефан Бујароски (Еврофудбал), Бленди Ганиу (Шкупи);

Напад: Валмир Хамити (Шкупи), Стефан Бранковски (Триглав);

– Овој турнир ќе биде одлична можност за младите фудбалери, се надевам дека ќе успееме да го спроведеме она што го работевме на тренинг. Овие дечки се сè уште во развој, се обидуваме да ги насочиме кон правата патека и вистинските вредности во спортот. Уште сме на почетокот, процесот е долг, како стручен тим работиме напорно околу подобрување на квалитетот на оваа селекција, анализираме и селектираме нови млади фудбалери. Иако резултатот на овој турнир не е во преден план, секогаш е убаво чувството да се победува и да се остварува позитивен резултат – вели селекторот на У15 македонската фудбалска репрезентација, Раде Каранфилоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот