
Македонија ќе биде домаќин на У21 Европски шампионат во пинг понг
Во јануари 2024 Пингпонгарската федерација на Македонија ќе го организира Европскиот шампионат во категоријата до 21 година.
Препорачано
На самиот почеток од 2024 година Скопје ќе биде домаќин на најдобрите европски пинг понгари до 21 година. Со тоа, нашиот главен град е повторно домаќин на првенство од највисок ранг, по одржувањето на турнирот од светските серии WTT Youth Star Contender Skopje 2023.
Претседателот на Федерацијата, Горан Тиловски е во Малме, Шведска, на годишен конгрес на Европската пинг понг федерација (ЕТТУ), за време на Европското тимско првенство, каде што се потпиша договор за организација на Европскиот шампионат во Скопје.
Ова е прв шампионат од вакви размери кој ќе се организира во Македонија.
При посетата претседателот Тиловски се сретна со претставници на ЕТТУ со кои разговараше за самата организација на првенството. Тиловски имаше и неколку средби со претставници на Светската федерација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5