фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Maкедонија го пречекува Лихтенштајн, сакаме победа за враќање на првото место

Македонската фудбалска репрезентација денеска на свој терен го игра натпреварот против Лихтенштајн во рамките од квалификациите за Светскоот првенство, а во натпреварот влегуваме како големи фаворити.

Лихтенштајн е аутсајдер во групата и единствена селекција без бодови, а освен тоа во првите чеири натпревари не постигнаа и ниту еден гол, примија најмногу, 14.

Македонија од друг страна квалификациите ги започна со добри резултати, имаме две победи и две нерешени средби. Славевме во дуелите со Казахстан и Лихтенштајн на гости, а ремизиравме дома со Велс и Белгија. Со осум бода сме на второто место во групата, Велс е пред нас со 10, Белгија на третата има седум, но и натпревар помалку, потоа следат Казахстан (3) и Лихтенштајн на последното место.

Во првиот натпревар во Вадуц го добивме Лихтенштајн со 0-3, натпреварот тогаш беше решен уште во првото полувреме во кое постигнавме два гола. Стрелци беа Трајковски, Муслиу и Миовски.

Во минатото со Лихтеншајн сме одиграле 12 натпревари во кои имаме 11 победи, а еден дуел завршил нерешено и тоа во квалификациите за Европското првенството во 2002 година кога н а гости одигравме 1-1. Против Лихтенштајн ја имаме забележанно и нашата најубедлива победа и тоа во 1996 година кога во мундијалски квалификации победивме со 11-1 и тоа на гостински терен.

Без разлика што сè е на наша страна, селекторот Благоја Милевски на вчерашната прес-конференција потенцираше дека нема да го потцени противникот.

„Сите играчи се здрави и подготвени. Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник. Нашата цел е јасна, три бода кои се исклучително важни во моментов, Задоволен сум од изданието на фудбалерите кои дебитираа против Саудиска Арабија. Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани покажаа дека имаат квалитет и се разбира дека сметаме на нив и на натпреварите за бодови“,изјави Милевски.

Натпреварот е закажан за во терминот од 18:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонските фудбалери го имаа официјалниот тренинг пред дуелот со Лихтенштајн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот