Македонец имал мозочен удар во Унгарија, со медикоптер бил пренесен на скопските клиники

Фото: ЦУК

Денеска беше реализиран успешен транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“ – инаку полициски хеликоптер на МВР) на македонски државјанин којшто имал мозочен удар во градот Сегед.

Македонскиот државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот Сегед.

Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено во контакт, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што ѝ посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега.

Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот