Фото: Pixabay via Picryl

Магичен сок со којшто ќе ослабнете, особено во сезоната на слави и новогодишни прослави

Исфрлете ги токсините од организмот, а со нив и мастите, со помош на овој вкусен пијалак.

Ќе ослабете и ќе се чувствувате подобро, ќе имате повеќе енергија и елан, кои се неопходни за претстојниот период на слави и новогодишни прослави, на кои секој од нас се прејадува.

Фото: Shameel mukkath / Pexels

За подготовка на овој магичен пијалак потребно ви се следните состојки:

– 1 литар вода
– 1 грејпфрут
– 1 мандарина
– 1 краставица
– 4-6 големи листови свежо нане
– мраз

Фото: Envato Elements / Freemalaysiatoday

Подготовка:

Краставицата исецкајте ја, грејпфрутот и мандарината излупете ги и исцекајте ги на кришки, ставете ги сите во стаклен бокал, прелијте ги со водата и ставете ги во фрижидер. Оставете да отстои преку ноќ, па утредента промешајте и пијте ја течноста преку целиот ден.

Ако ве интересира како овој напиток така благотворно делува на организмот, еве објаснување: грејпфрутот изобилува со витамин Ц, а содржи и витамини А, Е, К, витамини од Б групата, како и флавоноиди кои имаат антиоксидативно дејство. Притоа е богат со калциум, фолна киселина, фосфор и калиум. Мандарината го нивелира шеќерот во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории. Краставицата го зголемува чувството на ситост. Со оглед на тоа дека е природен диуретик, ја намалува надуеноста и го чисти телото од токсини. Нането го забрзува варењето и го смирува желудникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот