фото: kfsm.mk

Магдевски: Не нѐ чека лесен пат – Ирска, Луксембург и Азербејџан заслужуваат почит

Андреј Магдевски беше во улога на капитен на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во августовскиот циклус од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година.

Искусниот организатор на играта на нашиот национален тим има свое видување на ждрепката која беше реализирана денеска во Рига, Летонија.

Ривали во првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година ни се репрезентациите на Ирска, Луксембург и Азербејџан.

– Не нѐ чека лесен пат, затоа што репрезентациите на Ирска, Азербејџан и Луксембург кои ни се ривали во групата, заслужуваат почит. Во последните години вложуваат и напредуваат во кошарката. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме здрави, без повреди во ноември, и овие претквалификации ќе ги започнеме со позитивен скор – вели Магдевски.

Прв противник во европските претквалификации ќе ни биде селекцијата на Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот