Profimedia

Мачката која Владимир Путин му ја подари на јапонскиот политичар во карантин поради коронавирусот

Мир (Свет), сибирската мачка која рускиот претседател Владимир Путин му ја подари на гувернерот на јапонската префектура Акита Норихис Сатаке во февруари 2012 година, ставена е во домашен карантин поради страв дека ќе се зарази со коронавирус, соопшти гувернерот, а пренесува агенцијата ТАС С.

Мир живее во куќата на гувернерот заедно со шест други мачки.
„Бевме мниогу вознемирени поради веста дека коронавирусот е регистриран кај домашни мачки во САД“, рекол гувернерот и додал дека поради тоа своите домашни миленици ги ставил во изолација додека не помина опасноста од заразата.

„Сакаме Мир да нема контакт со никој надвор од нашето семејство и се надеваме деке опасноста која им се заканува на луѓето и на животните набрзо ќе помине“, рече гувернерот.

„Мирна е, има одличен апетит, силна е и среќна. Кога и да ја погледнам, чувствувам смиреност“, рекол гувернерот додавајќи дека ова негово милениче има посебно место во неговиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот