Адемола Лукман („Аталанта“)/фото: EPA/STRINGER

Лукман ја обвини Аталанта: Официјално поднесено барање за трансфер

Нигерискиот фудбалер Адемола Лукман објави дека поднел официјално барање за трансфер од Аталанта, обвинувајќи го клубот дека ги прекршил претходно договорените ветувања.

Лукман, кој наводно е желба на милански Интер, тврди дека е постигнат договор со управата на Аталанта дека може да го напушти клубот ако пристигне „фер понуда“ за време на летниот преоден рок.

– Аталанта доби понуда што е во согласност со она што верувам дека беше претходно договорено, но сепак се повлекоа од договорот. Чувствувам дека немам друг избор освен јавно да проговорам. Доста е. Можам да потврдам дека поднесов официјално барање за трансфер – рече Лукман на социјалните мрежи.

Лукман додаде дека клубот „го блокира неговото заминување од причини што не ги разбира“. Нигериецот пристигна во Аталанта од Лајпциг во 2022 година, а во сезоната 2023/24 постигна историски хет-трик во финалето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен, носејќи ѝ го на Аталанта првиот европски трофеј.

Тој одигра вкупно 117 натпревари за италијанскиот клуб, постигнувајќи 52 гола. Аталанта сè уште не ги коментираше обвинувањата на Лукман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот