Протести во Белорусија против претседателот Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/WOJCIECH OLKUSNIK POLAND OUT

Лукашенко потврди: Русите стрелаа откај нас кон Украина, не ја дадов јас наредбата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потврди дека проектили биле лансирани од белоруска територија кон Украина, но рече дека овој чекор бил принуден, пренесува државната агенција БЕЛТА .

„Во 11 часот (вечерта на 23 февруари), во пресрет на овој конфликт (веќе беше темно), навистина, две или три ракети беа лансирани од територијата на приближно регионите на Чернобил, каде што руските трупи беа на вежби“, рече Лукашенко.

Според Лукашенко, украинските ракетни баталјони биле распоредени на неколку километри од границата со Белорусија.

Тој истакна дека тој не дал наредба за лансирање ракети.

„Реков: „Да, момци, го гледаме тоа“. И тогаш Русите испукаа два-три проектили на овие позиции. По тоа, немаше повеќе позиции“, додаде белорускиот лидер.

Претходно Лукашенко вети дека „ќе ги создаде сите услови за преговори меѓу Русија и Украина“ во Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот