Луис Енрике го „потврди“ трансферот на Мбапе: Мора да се навикнеме

Фудбалерот Килијан Мбапе со тренерот на ПСЖ, Луис Енрике/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике индиректно потврди дека клубот подготвува трансфер на својата голема фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе.

Не е тајна дека Французинот ќе потпише со шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Во последните денови протекоа различни детали за договорот на Мбапе со „кралскиот клуб“, а голем број извори дури тврдат дека договорот е веќе потпишан. Договорот на напаѓачот со ПСЖ истекува на крајот од сезоната.

Мбапе синоќа беше заменет втор натпревар по ред. Напаѓачот одигра само едно полувреме во дербито на Монако и на стартот од вториот дел камерите го покажаа Мбапе во тунелот на стадионот во одлично расположение.

– Долго сум во фудбалот и мора да знаете дека сè е важно во клубови како нашиот. Порано или подоцна ќе играме без Мбапе и токму затоа ја барам најдобрата опција за тимот. Мора да се навикнеме – изјави по натпреварот тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот