Кренан Лога / Фото МИА

Лога за судијката Манев: Судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет не може повторно да полага

Министерот за правда Кренар Лога во писмен допис до Судскиот совет, укажува дека судијката Снежана Манев која не го положи психолошкиот тест за личност и интегритет не може повторно да го полага тестот, бидејќи се создава незаконита пракса.

Во мислењето на Институтот наведено е дека Снежана Манев, кандидатка за претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година. Поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 година.

Укажуваме дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот. Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев и е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби – се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот