
Љубовната приказна на Дражен Петровиќ и Сања Долежал – една од најубавите, но и една од најтажните
На денешен ден во 1993 година, југословенската кошаркарска легенда Дражен Петровиќ го одигра својот последен натпревар во животот.
Препорачано
Таа недела, на 6 јуни, хрватската кошаркарска репрезентација го одигра последниот натпревар од квалификацискиот турнир за Европското првенство во полскиот град Вроцлав против Словенија. Следниот ден Дражен отпатувал со автомобил во Хрватска. Загинал на 7 јуни околу 17:20 часот кога се судрил со камион цистерна на автопатот во близина на Денкендорф во Германија…
До денес во сеќавањата на многумина е неговата љубов со пејачката на „Нови фосили“, Сања Долежал.
Ги запознал музичкиот менаџер Зоран Шкугор. Со Дражен тогаш биле мајка му Бисерка и татко му Јован. Тоа требало да биде добра маркетиншка приказна. Сања по упатите на Шкугор почнала да оди на натпреварите на Дражен, а тој на нејзините концерти, па пријателството меѓу нив прераснало во љубов.
View this post on Instagram
„На еден од натпреварите на Цибона фоторепортерите ја снимаа само неа како навива за Дражен. Сите се прашуваа дали Сања и Дражен се заедно, а бидејќи двајцата си се допаднаа еден на друг, започнаа врска која траеше скоро една година. Не се криеја од јавноста. Кога беа слободни шетаа за рака на Штросмаеровото шеталиште или прегрнати на плоштадот. Луѓе им приоѓаа и им велеа дека се прекрасен пар, им посакуваа брак, деца, среќа…“, раскажува Шкугор.
„Дражен беше маѓепсан од Сања. Баш како и таа од него. Двајцата беа млади, популарни и слободни. Таа година тие двајца живееја еден за друг. Сања тогаш многумина ја запросуваа, но велеше, тоа не се вистинските момчиња. Со товарот на славата двајцата знаеја да се справат. Одлично се разбираа, а за љубомора немаше место. Но одвоеноста го направи своето. Дражен играше низ светот, а Сања имаше и по 200 концерти годишно. Емоциите полека згаснаа, а по една година ја прекинаа врската. Тоа беше во 1986 година“, се присеќава Шкугор.
„И понатаму останаа блиски. Секогаш кога имаа слободно време се наоѓаа на ручек како пријатели. Останаа во добри односи и многу се почитуваа. Дражен доаѓаше на сите нејзини концерти.“, додава тој.
Кога Дражен загина имаше само 28 години.
View this post on Instagram
„Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт“, раскажа Сања.
Сања сè уште контактира со мајка му на Дражен, а вели дека песната на „Нови фосили“, „Још те волим“ и е многу мила бидејќи ја потсетува на него.
View this post on Instagram