фото: EPA-EFE/Peter Powell

Ливерпул во Баерн ја најде замената за Мохамед Салах?!

Мохамед Салах е сè поблиску до заминување од Енфилд следното лето. Во август имаше голема понуда од Саудиска Арабија, но одлучи да остане на „Енфилд“.

Никој во Англија не верува дека Ливерпул ќе може да го стори истото следното лето, па почнаа да бараат замена во трофејниот клуб. Како што пренесува „Мирор“, ја пронашле во Минхен.

Станува збор Лерој Сане, поранешен играч на Манчестер сити.

Сезонава Сане игра одлично, на девет натпревари постигна седум гола и сигурно е дека Баерн Минхен нема така лесно да го испушти крилниот напаѓач чија вредност се проценува на 65 милиони евра.

Салах оваа сезона до сега во Премиер лигата од осум настапи има пет голови за „црвените“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот