
„Little Mix“ стана најуспешна група во историјата на Велика Британија: Дали светот ги доби новите „Spice girls“?
„Little Mix“ официјално се најуспешната група во музичката историја на Велика Британија, откако нивниот последен сингл за многу кратко време се најде на врвот на сите плеј листи.
Препорачано

Нивната нова песна „Sweet Melody“ се искачи на првото место на „The Official Big Top 40“ оваа недела во Велика Британија.

Ова е шести број еден на „Little Mix“ по нивното формирање во шоуто „X Factor“ во 2011 година. Фактот дека имаат повеќе број еден хитови од која било друга група или бенд во Велика Британија им донесе неверојатна слава која почнува да се шири низ цел свет.

Групата ја сочинуваат четирите девојки Џејд Тирвол, Пери Едвардс, Ли-Ен Пинок и Џеси Нелсон.
„Little Mix“ минатата недела го издадоа својот шести студиски албум насловен „Confetti“. Нивниот прв број еден хит беше песната „Wings“ објавена во 2012 година, а три години подоцна следеше песната „Black Magic“.

Веќе следната година тие беа на првото место на топ листите со „Shout Out To My Ex“ во 2018 година а потоа и со песната „Woman Like Me“ во која гостуваше и Ники Минаж.

Очигледно е дека овие девојки работат напорно во обидот да ја прошират својата „таргет група“ на слушатели и обожаватели.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
53мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5