фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Лионел Меси неславно ја заврши сезоната со Интер Мајами

Лионел Меси ја заврши првата сезона во дресот на Интер Мајами и тоа неславно, барем во резултатска смисла. Скапиот тим на Дејвид Бекам беше поразен во последниот натпревар од Шарлот со резултат 1:0 (1:0).

На стадионот во Северна Каролина, пред 66.000 гледачи, Меси, Бускетс и останатиот дел од екипата на Херардо Мартино не успеаја да постигнат ниту еден гол од многуте шанси што ги создадоа.

Им пресуди голот на Кервин Варгас во 13 минута, а потоа следеа нереализираните прилики на Интер Мајами. Најубавата шанса ја имаше Меси во 62 минута кога од слободен удар ја погоди пречката.

На крајот, сезоната тимот ја заврши на 27 место со 34 освоени бодови. За Интер Мајами останува утеха што оваа сезона го освои Лига купот, како и тоа што играше финале во УС Опен купот.

Индивидуално статистички Меси имаше учинок од 11 голови во 14 настапи во американската МЛС лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот