Фото: facebook.com/hceurofarmpelister/

Лига Европа: Кога и „плус седум“ не се доволни, Еурофарм Пелистер само до реми!

Еурофарм Пелистер вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во својот втор натпревар сезонава во Лига Европа одигра нерешено 25:25 против Кадетен Шафхаузен. Иако македонскиот претставник имаше убава предност после првото полувреме од 15:9, на крајот само освои бод.

Битолчани водеа и со „плус седум“ (16:9) и ја најавуваа првата европска победа, но како и во минатото второто полувреме е друга „песна“ за нашиот клуб.

Швајцарците дури дојдоа и до шанса да си заминат со целиот „плен“ од ова гостување, во финишот стекнаа и минимална предност од 22:23.

Како најефикасни стрелци кај домаќините се одвоија Мандалиниќ со шест голови и Кушан со четири. На спротивната страна седум погодоци запиша Шелкер, а по четири Марос и Фримел.

На табелата во групата „Д“ води Кадетен со три бода, а Еурофарм Пелистер е претпоследен на петтата позиција со еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот