фото: seha-liga.com

Лига Европа: Еурофарм Пелистер на стартот во Битола ќе го пречека данскиот Архус

Единствениот македонски претставник во натпреварувањата на ЕХФ, Еурофарм Пелистер денеска ги дозна противниците за групната фаза од Европската лига. Битолскиот тим беше влечен од вториот шешир, а од носителите го доби Фуксе Берлин од Германија.

Од третиот шешир доаѓа Мотор Запорожје (Украина), а од четвртиот Ирун Бидасоа (Шпанија), во групата се уште и данскиот Скандерборг Архус и португалскиот Агуаш Санташ.

Во првото коло кое ќе се ига на 25 октомври во салата „Боро Чурлевски“ – Битола играчите предводени од тренерот Ларс Валтер ќе игра против Скандерборг Архус.

Распоред на натпреварите во групата „Д“ на ЕХФ Лига Европа:

25.10.2022 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Архус
01.11.2022 – Агуаш Санташ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
22.11.2022 – Мотор Запорожје – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
29.11.2022 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Фуксе Берлин
06.12.2022 – Бидасоа Ирун – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
13.12.2022 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Бидасоа Ирун
07.02.2022 – Архус – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
14.02.2023 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Агуаш Санташ
21.02.2023 – Фуксе Берлин – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
28.02.2023 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Мотор Запорожје

Напомена само дека Мотор Запорожје своите домашни натпревари ќе ги игра во Дизелдорф (Германија). Саатниците од натпреварите од групната фаза дополнително ќе бидат одредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот