EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Лидерите на ЕУ бараат хуманитарни коридори и паузи во нападите за да се заштитат цивилите во Газа

Лидерите на Европската унија вечрва постигнаа договор за Блискиот Исток изразувајќи ја својата поддршка за хуманитарните коридори , објави „Гардијан“.

Во текстот на усвоената декларација, која беше договорена по неколкучасовна дискусија, шефовите на држави и влади на ЕУ констатираа дека ЕУ ја нагласува важноста од обезбедување заштита на цивилите во секое време во согласност со меѓународното право и изразуваат жалење за загубените животи на цивилите.

Лидерите најостро го осудија Хамас за бруталните терористички напади ширум Израел, а особено фактот што ги користи цивилите како човечки ѕид, а се потенцира и поддршката на правото на Израел за самоодбрана во согласност со меѓународното право и меѓународната хуманитарното право.

Тие исто така истакнаа дека се загрижени поради влошувањето на хуманитарните услови во Газа и повикаа на помош, „вклучувајќи хуманитарни коридори и паузи за хуманитарни потреби“.

„ЕУ тесно ќе соработува со партнерите во регионот за да ги заштити цивилите, да обезбеди помош и да го олесни пристапот до храна, вода, медицинска нега, гориво и засолниште, осигурувајќи дека таквата помош нема да биде злоупотребена од терористичките организации“, се вели во соопштението.

Како порака за Шпанија, во финалниот текст се додава дека „Европскиот совет го поддржува одржувањето на меѓународна мировна конференција што е можно поскоро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот