Пратеничка група на Левица / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Пратеничка група на Левица / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Левица со пакет предлог-закони фокусирани на младите парови и родители

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, кои се фокусираат на државната помош како стимул за, како што велат од партијата, младите да останат во државата и да формираат семејства.

Предлог-законите опфаќаат државна помош и гаранција при исплата на станбен кредит, намалување на учеството за станбен кредит, воведување горна граница за кириите, скратено работно време и бесплатен јавен транспорт за младите парови со деца до шест години и слично.

Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференциja истакна дека овој иницијален пакет од шест предлог-закони произлегува директно од предлози на младите, a целта е да се овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница.

Пакетот закони на Левица ги опфаќа следниве предлог-закони:

1. Воведување горна граница на кириите, наместо само долната која постои денес;
2. Државна поддршка за купување на прв дом за млади, односно државна гаранција  95% од станбените кредити и намалување барање за учество за станбен кредит од 15 отсто на 5 отсто, со гаранција од државата да го отплати кредитот на младите;
3. Простување на дел од станбените кредити при добивање второ, трето дете и секое следно;
4. Ваучер од 6.000 денари за неформална родителска грижа;
5. Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шестата година на детето;
6. Бесплатен јавен превоз за родители со деца до 6 години.

Од Левица велат дека државата нема да ги стимулира младите да формираат семејство со дополнителна репресија и нерационални мерки како најавениот данок за немажени и неженети.

Единствен стимул, според партијата, е решавање на горливите проблеми и обезбедување на достоинствени услови за живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот