
Левица по средбата со ОБСЕ: Ќе бараме правна заштита од цензурата врз нашата партија
Адвокатката Катерина Јовановска од правниот тим на Левица оствари средба со правниот аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, Радивоје Грујич, на која се разговараше за правните механизми и идните чекори на партијата во врска со контроверзното упатство на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за локалните избори 2025 година, соопшти Левица.
Препорачано
„На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица, како политичка партија, досега ги презема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од АВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што ѝ е забрането политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување“, се вели во соопштението.
Средбата беше многу конструктивна, се додава во соопштението, и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
3мин
-
8мин
-
10мин
-
10мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5