Левица/Битола/фото: Социјални мрежи/Levica

Левица: На овие избори ќе победи македонската платформа, подаваме рака на ВМРО-ДПМНЕ да нема уставни измени

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со носителката на ИЕ5 Јована Мојсоска остварија средби со граѓаните на Битола.

„Широката поддршка за Левица во градот на Стив Наумов ја навестува сигурната пасокизација на СДС на 8-ми мај,“ велат од Левица.

Апасиев од Битола порача дека на овие избори народот треба да избере помеѓу трите платформи: Софиската, тиранската и македонската платформа.

„Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава. Носителката на листа Јована Мојсоска дополнително истакна дека Левица подава рака до ВМРО-ДПМНЕ за да се спречи промена на Уставот и да се стави крај на уцените кои водат кон федерализација на државата. На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката“, велат од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот