Фото: Левица-Аеродром

Левица: Деца учат во влага и смрдеа во скопско училиште

Учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во подруми со влага и смрдеа, објави денеска Левица.

„Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од седмо одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина. Овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво и безбедно училишно опкружување. Загрижени родители алармираат дека на некои ученици им се слошило и повраќале поради неподносливата миризба на мувла и влага во импровизираниот подрум“, велат од партијата, која објави и фотографии од училницата.

Фото: Левица-Аеродром

„Ваквото понижување на најмладите е срам за општината и директна одговорност на локалната власт, која наместо да обезбеди елементарни услови за настава, ги изложува децата на здравствен ризик и психолошка траума. Дополнителен скандал е фактот што ДПМНЕ пред четири години ветија целосна реконструкција на училиштата во општината, а во изминатиот мандат не направија ништо. Левица-Аеродром бара итно обезбедување на нормални услови за овие ученици и нивно преместување во други училници, каде би ја следела наставата. Мора да се стави крај на оваа срамна состојба и сите деца во Општина Аеродром да добијат достоинствени услови за образование“, велат од локалниот огранок на опозициската партија.

Фото: Левица-Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот