Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Левица бара оставка од пратеникот Сергеј Попов: Пред 10 години возел пијан и прегазил жена

Претседателот на УМС и пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, во 2014 година бил фатен како вози пијан, со 1,43 грам промили алкохол во крвта, без дозвола за возење и притоа предизвикал тешка сообраќајна несреќа, повредувајќи невина жена, изјави денеска на прес-конференција Петар Здравевски од Левица, раководител на подмладокот на партијата.

Здравевски наведува дека „Попов е лицемерен“, бидеќи, како што вели, деновиве јавно повикува на протести против убијците и возачите кои удираат, повредуваат или убиваат пешаци, а и самиот е виновен за вакво кривично дело.

-Како може Попов да се дрзне да зборува за “системот кој убива”? Сергеј Попов, кој ги загрозува животите на другите, сега го користи своето криминално досие како платформа за нова политичка кариера. Тоа што повикува на протести е само обид да го прикрие од очите на јавноста своето криминално минато, користејќи ги трагедиите на другите луѓе за свој личен интерес, кажа Здравевски, потенцирајќи дека Левица бара од Попов да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата во УМС на ВМРО-ДПМНЕ.“, рече Здравевски.

Во пресудата што ја објавија од Левица стои дека Попов пред десет години бил осуден поради тоа што без возачка дозвола и под дејство на алкохол прегазил жена, која за среќа не го загубила нејзиниот живот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот