фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Лерој Сане од следната сезона ќе игра за Галатасарај

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Лерој Сане, ќе го напушти шампионот на Бундеслигата кога ќе му истече договорот на крајот на јуни и ќе се приклучи на турскиот тим Галатасарај.

Сане ги одби сите понуди од Баерн за продолжување на соработката и затоа ќе ја напушти „Алијанц Арена“ без надомест.

Бројни богати и најамбициозни клубови од топ 5 европските лиги беа споменувани како потенцијални дестинации за крилниот напаѓач, но тој сепак се одлучи за Галатасарај.

Ова го потврдија бројни доверливи медиуми – британскиот Атлетик и германскиот Скај Спортс. Тие известија и за понудите на Баерн, како и за договорот со тимот од Истанбул.

Сане оваа сезона во најсилното германско првенство запиша 11 голови во 30 настапи за Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот