Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Ленгстон Вилсон е последното странско засилување за КК Пелистер
Ленгстон Вилсон е најновото засилување на кошаркарскиот клуб Пелистер, кошаркар кој ќе биде од голема помош во предизвиците во домашното првенство, како и во европското деби што ги очекува „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона.
Препорачано
Станува збор за центар висок 210 сантиметри кој ќе биде од огромна помош во борбата под обрачите.
Настапуваше во НЦАА-лигата за универзитетите Вашингтон и Милвоки, а ланската сезона ја мина во Турција, бранејќи ги боите на Бодрумспор.
Имаше просек од 10,3 поени и 6,8 скокови по натпревар, а најдобриот меч го одигра против вториот тим на Фенербахче, на кој америкаскиот центар стигна до дабл-дабл од 24 поени и 11 скокови.
Со ангажманот на Ленгстон Вилсон беше комплетиран и последниот шести странски трансфер на Пелистер летово, откако претходно беа потпишани договори и со Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс, Си-Џеј Вилсон и со Брејси Дејвис.
Од претходно е познато дека нов тренер на екипата е Борче Даскаловски, нов играч е и македонскиот репрезентативец Андреј Митревски, а нови договори потпишаа Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Дамјан Крстевски и Дарко Најдовски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
30мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5