Фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Леклер бесен на Ферари: Ова е фрустрирачки, морате да ме слушате

Фрустрацијата кај Ферари продолжува да расте, а најнов доказ за тоа е настапот на Шарл Леклер на трката за Големата награда на Унгарија. Иако ја освои пол-позицијата и тргна со високи амбиции, возачот од Монако на крајот мораше да се задоволи со четвртото место што беше уште едно разочарување за овој тим.

Нервозата кај Леклер кулминираше во завршницата на трката, кога преку тимското радио јасно им стави до знаење на своите инженери дека стратегијата и техничката поддршка повторно потфрлиле. Клучниот момент се случи по пит-стопот, кога наместо подобрување, болидот почна да создава проблеми кои му го одзедоа водството и го исфрлија од битката за подиум.

„Ова е неверојатно фрустрирачки, не личи на ништо. Веќе не сме ни конкурентни. Само треба да ме слушате… Ќе најдев поинаков начин да ги решам тие проблеми, но вие не ме слушате. Сега веќе е доцна, само чудо може да се случи да стигнам до подиум“, порача Леклер јавно преку радио комуникацијата.

На крај, Леклер и не успеа да стигне до подиумот, иако ја има имаше пол-позицијата и заврши како четврти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот