Фото: Драган Митрески / Слободен Печат

Лекарката од Битола побарала поткуп од 100 евра, обвинителството бара куќен притвор за неа

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против докторката во битолската болница која беше фатена како прима поткуп од пациент.

Како што соопшти обвинителството, докторката – офталмолог побарала 100 евра подарок од лице од Ресен за да ја оперира неговата сопруга. Според информациите, се работело за вообичаена процедура за отстранување на катаракта.

„На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите“ соопшти обвинителството.

Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

Лекарка од Битола попладнево е фатена како зема рушвет, болницата експресно се огради од неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот