Фото: Профимедиа

Лекарите предупредуваат: Овие телесни мириси не треба да се игнорираат, некои укажуваат и на рак

Необичниот мирис на телото, без разлика за кој дел на телото станува збор, може да ги предупреди лекарите на потенцијални здравствени проблеми, кои е потребно да се лекуваат што е можно побрзо, па дури и на рак, пишува порталот „Хелти“ (Healthy).

Еве што тие карактеристични мириси може да сигнализираат:

Пот со непријатен мирис кој не исчезнува

Ако не може да се ослободите од непријатниот мирис на пот ниту по туширање, тоа може да биде знак за недостаток на магнезиум. Магнезиумот е минерал кој помага во чистењето на нашите внатрешни органи, а и кај решавањето на непријатниот мирис на телото,  вели американскиот кардиолог Роберт Сегал од Универзитетот на Њујорк. Како што објаснува, кога консумираме премногу кофеин, шеќер или преработена храна, тоа може значително да го намали нивото магнезиум. Сè тоа предизвикува и грчеви во мускулите, трнење и пецкање, експертите препорачуваат дека би било добра идеја да го проверите магнезиумот во телото.

Премногу интензивни миризби на телото

Ако имате дигестивни нарушувања како Кронова болест или улцерозен колитис, може исто така да имате сериозен недостаток на цинк, велат лекарите. Имено, цинкот му помага на нашето тело да управува со отпадните материи и токсините, вели д-р Сегал, а кога е присутно дигестивно нарушување, телото може да не го апсорбира минералот како што треба. Со самото тоа, недостатокот на цинк може да резултира со интензивен мирис на телото, а особено со непријатен здив.

Здив што смрди на расипани јајца

„Ако не може да се ослободите од лошиот здив ниту со миење заби, веројатно имате здравствен проблем. А, ако тој лош мирис во вашата уста наликува на „расипани јајца“, може да се работи за бактериска инфекција, предупредува д-р Сегал.

Имено, лошиот здив го предизвикува бактеријата Хеликобактер пилори којашто ја има во нашиот дигестивен систем. Кај некои луѓе тоа не предизвикува забележителни симптоми, а кај други може да доведе до чир на желудник, па дури и рак на желудникот.

Непријатен мирис од носот

Како што објаснува д-р Кетлин Р. Мекдоналд, непријатните мириси од носот најчесто се поврзуваат со нашите синуси или грло.

„Смрдеата од носот се појавува поради различни здравствени состојби, како што се постназално течење, гнојни крајници, расипани заби, инфекции на синусите и полипи во носот.

Непријатен мирис од увото

Освен носот, кај многу луѓе знае да се појави и непријатен мирис кој доаѓа од увото.

„Ако имате многу смрдлив и непријатен мирис во вашите уши, најверојатно страдате од некаква инфекција, а тоа е она што доведува до споменатата остра арома. Уште еден пример за ова е кога имате сраснати влакна или лојна циста, а кога таа иритација или инфекција ќе пукне, нуспроизводот однатре речиси секогаш има исклучително непријатен мирис“, објаснил д-р Мардоналд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот