
Лекарите предупредуваат и објаснуваат зошто: Немојте да седите на тоалетната школка подолго од 10 минути!
Триминутното одење во тоалет лесно може да се претвори во 15 минути читање, пребарување во мобилниот телефон и објавување коментари и објави на различни социјални мрежи.
Препорачано
Сепак, експертите предупредуваат дека она што тие го нарекуваат долготрајно седење на тоалетната школка може да му наштети на вашето здравје. Тоа дури се поврзува и со зголемен ризик од појава на хемороиди и ослабени мускули, рекол д-р Лаи Ксју, колоректален хирург на Универзитетот во Тексас во Далас.
„Кога пациентите доаѓаат кај мене со поплаки, прво ги прашувам колку време поминуваат на тоалетната шолја“, рекол Ксју, како што пренесува Си-ен-ен.
Кои се опасностите?
Луѓето треба да поминуваат во просек од пет до 10 минути на тоалетната школка, според д-р Фарах Монзур, доцентка по медицина и директорка на Центарот за воспалителни болести на дебелото црево на Лонг Ајленд, Њујорк.
Гравитацијата нè држи приземјени на Земјата, но истата гравитација исто така го тера телото да работи посилно за да ја пумпа крвта назад во срцето, рекол Ксју. Тоалетната школка во овална форма го стиска задникот, држејќи го ректумот во пониска положба отколку кога седите на каучот. Бидејќи гравитацијата ја повлекува долната половина од телото надолу, зголемениот притисок влијае на циркулацијата на крвта.
„Тоа станува еднонасочен процес; крвта влегува, но не може да се врати“, рекол Ксју.
Како резултат на тоа, вените и крвните садови кои го опкружуваат анусот и долниот дел од ректумот се зголемуваат, зголемувајќи го ризикот од хемороиди.
И присилното напрегнување може да го зголеми притисокот и да овозможи формирањето на хемороиди.
„Денес гледаме зголемување на бројот на луѓе кои поминуваат повеќе време во тоалет, што е многу нездраво за аноректалните органи и дното на карлицата“, додал Ксју.
Покрај ослабените анални мускули и принудното напрегнување, Монзур рекла дека предолгото седење на тоалетната школка може да го зголеми и ризикот од пролапс на ректумот. Ректален пролапс е кога ректумот, дел од дебелото црево, се лизга надолу и излегува од анусот.
Водете повеќе сметка за времето поминато во тоалет
Ксју советува дека ако тоа не функционира за вас, откажете се по 10 минути и прошетајте наоколу, бидејќи движењето може да ги стимулира мускулите на дебелото црево да произведуваат столица. Ксју, исто така, препорачал да останете хидрирани и да јадете храна богата со влакна како овес и грав.
Постојаните тешкотии при вршењето нужда може да бидат симптом на гастроинтестинални проблеми, како што се синдром на нервозно дебело црево и Кронова болест.
Американското здружение за борба против ракот неодамна извести за зголемување на стапките на рак на дебелото црево кај луѓето помлади од 55 години од средината на 1990-тите, а непрофитната организација проценува дека оваа година ќе има 106.590 нови случаи на рак на дебелото црево и 46.220 нови случаи на рак на ректумот.
Ако сте ги имале овие симптоми на запек или сте поминувале долго време седејќи на тоалетната шолја во периоди од повеќе од три недели, можеби е време да ги споделите овие промени со вашиот лекар. Во зависност од тежината на вашите симптоми, вашиот матичен лекар може да ве упати кај гастроентеролог или колоректален хирург за подетален преглед.