Фото: Принтскрин/ Твитер

Лекарите откриваат пет симптоми на рак на панкреасот од кој почина Енди Рурк

Музичарот Енди Рурк, басистот на легендарниот бенд „Смитс“ (The Smiths), почина на 59-годишна возраст од рак на панкреасот. Како што пренесува британски „Дејли мејл“, симптомите на оваа смртоносна болест не се забележуваат лесно на самиот почеток, поради што често се открива дури во подоцнежна фаза кога и самото излекување е многу потешко.

Токму поради тоа, предупредуваат лекарите, важно е да се реагира кога ќе се појават првите симптоми кои во повеќето случаи се суптилни и тешко се забележуваат. Со цел да предупредат на нив, лекарите издвоиле пет знаци на предупредување кои меѓу првите може да укажуваат на рак на панкреасот, а тоа го подразбира следново:

– жолтица
– стомачна болка
– болки во долниот дел на грбот
– нагло губење на тежината
– пловечка столица

Да потсетиме, Рурк снимал со „Смитс“ песни како што се „This Charming Man“ и „There is a Light That Never Goes Out“. Тој исто така свиреше во групата „Фрибас“ со уште двајца познати гитаристи Питер Хук од „Њу Ордер“ и Мани од „Стоун Роузис“. Снимаше и со Шинејд О’Конор, Иан Браун и Долорес О’Риодан од групата „Кренберис“.

Почина Енди Рурк, басистот на „Смитс“, ја загуби битката со ракот

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот