Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Лејкерс може да се разделат со Леброн и пред истекот на договорот?!

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, би можел да ја заврши својата ера во Лејкерс порано од очекуваното. Иако официјално ја активираше играчката опција за следната сезона и најави дека останува во Лос Анџелес, најновите информации говорат поинаку, барем кога би се прашувал само неговиот тим.

Американскиот новинар Џон Габадоро открива дека челниците на Лејкерс размислуваат сериозно да стават крај на соработката со ѕвездата, и тоа можеби уште ова лето, пред Џејмс да стане слободен играч следната година.

Според новиот договор, Леброн треба да инкасира околу 52 милиони долари за наредната сезона и тоа сума што е повисока од минатата сезона. Но, договорот не содржи излезна клаузула, што значи дека клубот не може еднострано да го раскине без согласност од Џејмс.

Во позадина на оваа идеја стои и долгорочниот план на Лејкерс за ослободување на буџетот и креирање тим во кој главна улога би имал Лука Дончиќ.

Сепак, задачата нема да биде едноставна бидејќи Леброн пред крајот на кариерата не изгледа дека би можел да се откаже од богатиот договор за последната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот