
Легендарното дуо се враќа: Леонардо Дикаприо и Мартин Скорсезе работат на нивниот нов заеднички филм
Филмот „Ѓавол во белиот град“ („Devil In The White City“), заснован на истоимената книга на писателот Ерик Ларсон за вистинската приказна за серискиот убиец Хенри Хоувард Холмс, е повторно во претпродукција.
Препорачано
Инаку, за продукцијата на филмот се задолжени актерот Леонардо Дикаприо и режисерот Мартин Скорсезе.
„Станува збор за озлогласениот Холмс кој наводно мачел и убил десетици жртви, главно во неговиот „Замок за убиства“ во Чикаго во 1890-тите во пресрет на Светскиот саем во 1893 година“, пишува „Гардијан“.
Како што се известува, продукцијата на филмот ја презеде холивудското студио „Твентит сенчури стјудиоз“.
Во продукцијата, која е во рана фаза и нема сценарио, учествуваат и Стејси Шер, Рик Јорн и Џенифер Дејвисон.
Дикаприо ги стекна правата за книгата на Ларсон во 2010 година, а Скорсезе се приклучи на проектот во 2015 година, кратко откако ова филмско дуо доживеа значаен успех со црната комедија „Волкот од Волстрит“ („The Wolf of Wall Street“).
Нивната соработка ја одбележаа филмовите „Бандите на Њујорк“ („Gangs of New York“), „Авијатичарот“ („The Aviator“), „Покојните“ („The Departed“), „Островот Шатер“ („Shutter Island“) и „Убијци на цветната Месечина“ („Killers of the Flower Moon“).