
Легендарната српска актерка се храни во народна кујна: Гладував, може на секој да му се случи…
Српската актерка Весна Пеќанац веќе некое време се храни во народна кујна во Белград, каде што беше снимена на почетокот на годината. Сега таа проговори за целата ситуација. Актерката си ја отвори душата за „Око магазин“ и проговори за својот тежок живот и открила кога почнале нејзините страдања.
Препорачано

„Имав проблеми. Некои решив, но не успеав да ги решам сите. Гладував. Одлично е да гладуваш, тоа е добро работа. Јадеш помалку, но долго џвакаш“, рекла Весна во емисија „Око магазин“.
„Уште во 2006 година во Земун немав електрична енергија, вода, сè ми протекуваше. Бев во депресија поради смртта на татко ми, мајка ми и сопругот. Кога дојдов во кујната, се случуваа секакви работи. Од тоа да не стасам да набавам храна за децата и за себе, па вработените не сакаат да ми ја дадат. Едноставно не сакаат, жената што работи во кујна не ми дава, јас одам позади, на крајот од работното време таа ми вели: ‘Не може.’ Не можев да поверувам кога тоа го доживеав“, додала таа.
„Тоа што ми се случи мене може да му се случи на секого. Такви се времињата и доаѓаат такви времиња така што тоа може да му се случи на секого. Треба да одите напред, да го пронајдете својот пат”, заклучила актерката.

Инаку, Весна на публиката ѝ е позната по улогите во филмовите „Во име на народот“, „Убавината на порокот“, „Чудо невидено“, како и во сериите „Ѓекна сè уште не умрела“, а не знаеме кога“, „Оригинали“ „Отпишаните“, „Втора Жикина династија“, „Смртта на господинот Голужа“ и други. Голем дел од кариерата поминала во Ателје 212, каде остана запаметена по изведбата на монодрамата „О, каков прекрасен ден“.