
Легендарната манекенка откри како се борела со ракот на дојката: „Одбив хемотерапија, мислеа дека сум луда“
Австралиската манекенка Ел Мaкферсон (60) откри дека пред седум години ѝ бил дијагностициран рак на дојка, но одлучила да не оди на хемотерапија или традиционален медицински третман.
Препорачано
Во интервју за „Воменс викли“, таа изјави дека имала холистички пристап кон лекувањето на болеста, но призна дека тоа не е добро за секого.
„Тоа беше шокантно, неочекувано, збунувачки и страшно на толку многу начини и навистина ми даде можност да копам длабоко во моето внатрешно чувство за да го најдам вистинското решение“, изјави таа во интервјуто.
Таа одлучила да ја задржи приказната за болеста во тајност и рече дека ги истражувала опциите за лекување.

По лумпектомија, на Макферсон ѝ бил дијагностициран тип на рак наречен HER2-позитивен естроген-рецептивен интрадуктален карцином. Лекарот, наводно, предложил мастектомија со зрачење, хемотерапија, хормонска терапија и реконструкција на градите.
Сепак, австралиската ѕвезда рече дека по неколку недели размислување, барајќи совет од 32 лекари и експерти, одлучила да не оди на хемотерапија. Наместо тоа, таа рече одлучила за „интуитивен и холистички пристап“ под водство на лекар од примарната здравствена заштита специјализиран за интегративна медицина, што вклучува комбинација од терапии и промени во животниот стил.
„Да им кажам ‘не’ на стандардните медицински решенија беше најтешката работа што сум ја направила во животот. Но, да се каже ‘не’ на нечие внатрешно чувство би било уште потешко“, објасни таа, додавајќи дека хемотерапијата и операцијата се премногу „екстремни“.