Леброн Џејмс, Том Форд и Џими Бафет нови милијардери на Форбс

Леброн Џејмс/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Леброн Џејмс, Том Форд, Тајгер Вудс и Џими Бафет официјално станаа милијардери и се приклучија на групата од 150 новодојденци на годишната листа на Форбс за најбогати во светот.

Леброн, кошаркарската легенда, се очекува да заработи повеќе од 124 милиони долари во 2023 година – од неговата плата, спонзорства од Најк и Пепси и разни други деловни потфати. Тој е првиот активен НБА играч кој се најде на листата, со нето вредност од една милијарда долари. Џејмс е и најплатениот активен играч во лигата досега, со заработка од 385 милиони долари од Мајами Хит, Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Лејкерс. По фудбалската ѕвезда Лионел Меси, Џејмс е најплатениот спортист во светот.

Бафет, познат по својата богата музичка кариера и угостителски бизнис, со текот на годините го натрупа своето богатство од неговата империја „Маргаритавил“, која се претвори во компанија за лиценцирање која минатата година оствари продажба од повеќе од 2 милијарди долари, пренесува Кликс.ба.

Друг значаен новопрогласен милијардер е Тајгер Вудс. Професионалниот играч на голф има нето вредност од нешто повеќе од една милијарда долари од заработка од спорт и разни брендови.

Том Форд се најде на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот откако во ноември минатата година го продаде својот моден бренд Eсте Лоудер за близу три милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот