илустрација / фото: /Pexels

Лажни инспектори барале до 50.000 евра од граѓани во Свети Николе, веднаш биле пријавени во полиција

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Свети Николе биле пријавени седум обиди за измами. Непознати лица им се јавувале на граѓани по телефон, претставувајќи се како полициски инспектори и тврдејќи дека член на нивното семејство предизвикал сообраќајна несреќа. Од нив барале пари од 5.000 до 50.000 евра за наводно да спречат затворска казна.

Граѓаните се посомневале во вистинитоста на приказната, затоа што претходно биле информирани за слични измамнички случаи, и веднаш ги пријавиле повиците во полиција.

СВР Штип презема мерки за расчистување на случаите и идентификување на сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот