фото: РФМ

Лазаров: Знаевме што сакавме во мечот против Литванија – ќе играме со најдобрите во Европа

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ја победи Литванија со 26:17 (13:11) во Скопје и со тоа се пласираше на Европското првенство 2026.

И победа од два гола разлика беше доволна за избраниците на тренерот Кирил Лазаров да обезбедат место на уште едно големо натпреварување, но неговите играчи се потрудија да покажат дека се подобар ривал.

На конечната табела Словенија го освои првото место, пред второпласираната Македонија, на третата позиција заврши Литванија, а на дното Естонија.

Честитки до моите ракометари, ја имавме поддршката по триумфот над Естонија од 19 голови разлика. Сите успеавме да ја оствариме целта, пласман на Европското првенство. Мечот против Литванија не го почнавме добро, лошо отворивме, типично македонски. Но, како што поминуваше времето, така натпреварот одеше на наша страна.

Немаше никаква паника, не се вознемиривме, што е малку чудно за наш менталитет. Покажавме карактер, на крајот и неочекувано високо победивме. Честитки уште еднаш до сите, ќе играме со најдобрите европски репрезентации – изјави селекторот Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот