Тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров/фото: facebook.com/rkalkaloid

Лазаров пред финалето во Европскиот куп: Ќе биде тешко против АЕК, но не и невозможно

В недела во Атина од 18.00 часот ќе се игра првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп помеѓу ракометарите на АЕК и Алкалоид.

Играчите на тренерот Кирил Лазаров во добро расположение се упатија кон 700 километри оддалеченото боиште кое ќе биде запишано како историско за клубот.

Играчите на АЕК се искусни и секогаш одржуваат целосна контрола во текот на натпреварот. Пред нас е тежок предизвик. Во добар ритам, се надевам дека ќе можеме да се држиме против големите фаворити. Ќе биде тешко – но не и невозможно.

Ќе се соочиме со одличен тим со извонредни поединци кои поседуваат огромно играчко искуство. Самиот факт дека имаат 17 интернационалци во својот состав зборува многу. Ќе се стремиме да го покажеме нашиот најдобар настап во финалето – рече Лазаров во интервјуто за Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Реваншот помеѓу двете екипи ќе се игра на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот