Фото: РФМ

Лазаров: Не е срамота да загубиш од Словенија

Ракометната репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во квалификациите за Европското првенство откако вечерва со 26:32 во Скопје славеше Словенија.

Селекторот Кире Лазаров по натпреварот го анализираше натпреварот.

„Одигравме перфектни 20 минути и не заслуживме да водиме само со еден гол на полувреме. Добро ќе го анализираме овој натпревар во кој Словенија долго време беше немоќна, а кај нас можеше да се види и разочарување поради исходот на првото полувреме.

Во второто полувреме имавме проблем на централната позиција во одбраната, проблем беше и црвениот картон, па игравме со Павле Атанасијевиќ на неприродна позиција и тоа беше пех.

Целта е пласман на Европско првенство, сигурно дека има за што да жалиме, иако бев резервиран пред натпреварот. Ова е добра лекција за нашиот менталитет, Македонец е тешко да го држиш на свесен и трезвен по успех. Не знаеме да бидеме констатни во повремените успеси. Мораме да работиме на менталниот склоп“, изјави Лазаров.

Македонија сега треба да се подготвува за вториот натпревар кој го играме во Копер веќе в недела.

На табелата Словенија има шест бода, Литванија четири, ние 2 и Естонија е без бодови. Пласман на ЕП обезбедуваат првото и второто место од групата, но и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

ФОТО+ВИДЕО | Mакедонија тргна одлично, па застана: Словенија славеше во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот